Во однос на услови за семеен живот, Норвешка е трета на листата, Шведска е втора, а на првото место се најде земјата за која веројатно не би помислиле – Шри Ланка.
Според најновите податоци за 2025 година објавени во „Immigration Index“ на компанијата Remitly, Шри Ланка е избрана за најдобра земја во светот за живот со семејство.

Од 82 анализирани земји, тропската дестинација брзо го завзема првото место на вкупната ранг – листа, земајќи предвид 24 клучни фактори, вклучувајќи ги трошоците за грижа за деца, просечните години на образование и очекувања во образованието на најмладите.
Шри Ланка заслужила вкупен скор од 88 од 100, првенствено поради нејзиниот импресивен образовен систем и многу ниските трошоци за грижа за деца – само 354,60 долари годишно, што е значително пониско од западните земји.
Покрај образованието, земјата нуди и квалитетна средина за деца, со безбедни простори за играње и услуги кои конкретно ги поддржуваат семејствата.

На второ и трето место на рангирањето се најдоа добро познатите скандинавски земји Шведска и Норвешка, кои исто така имаат репутација за висока грижа за семејство.
Меѓутоа, фактот дека азиска земја, честопати потценетата, го освои првото место им дава посебна тежина на овие податоци и отвора простор за размислување за глобалните трендови во квалитетот на животот на семејствата.
Изборот на вистинската земја за семеен живот е од суштинско значење за сите родители кои сакаат да им обезбедат на своите деца стабилна, безбедна и стимулативна средина, а Шри Ланка, според најновите истражувања, може да биде идеална дестинација за постигнување на оваа цел.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија