Насловна / Вести / Рим добива модерен систем за управување со отпад

Рим добива модерен систем за управување со отпад

Со изградбата на комплексот на постројки под името „Парк на циркуларни ресурси“ (Parco delle Risorse Circolari), заедно со две постројки за обработка нa органски отпад, како и два погони за рециклирање на хартија и пластика, Рим добива нов интегриран систем за управување со отпадот.

Како што се истакнува во соопштението на Градот, со овој проект престолнината на Италија ќе може самостојно да го затвори комплетниот циклус на отпадот, да ја унапреди услугата за собирање на отпад и значително да ја намaли потребата од транспорт на отпадот надвор од градот. Тоа ќе овозможи постабилен систем, побрза обработка на отпадот и значителни финансиски заштеди за градската администрација, но и за граѓаните.

Посебното значење на проектот се гледа во јакнењето на рециклажата и намалување на зависноста од депонии и постројки во другите европски градови, што со години претставуваше еден од најголемите проблеми во управувањето со отпадот. Реализацијата на „Паркот на циркуларни ресурси“ се смета за еден од клучните инфраструктурни проекти за одржлив развој на Рим во наредните години.

Испрати коментар

Scroll To Top