Насловна / Вести / Тренд во дизајнот на ентериери кој ќе ги воодушеви сите заситени од беж минимализам

Тренд во дизајнот на ентериери кој ќе ги воодушеви сите заситени од беж минимализам

Откријте ги сите карактеристики на декадентниот стил Neo Deco што ќе доминираат во трендовите во ентериерите.

Pinterest Predicts, годишна прогноза за трендови што ја објавува Pinterest секоја година, предвидува кои теми, естетика, бои, концепти и навики, според нивните податоци, ќе се појават, ќе растат и ќе обликуваат насока во наредната година. Со анализа на пребарувања, зачувување „pins“ и интеракции на корисниците и со помош на напредна аналитика, тие ги издвојуваат оние трендови што имаат реален потенцијал да влијаат врз сите сектори, од мода и убавина до патувања и гастрономија. Меѓу нив, се издвои трендот во дизајнот на ентериер што внесува современа декаденција и cosy атмосфера.

Со оглед на тоа што зачекоривме во 2026 година, речиси е симболично да сведочиме на враќањето на естетиката на лудите дваесетти преку тренд што Pinterest го нарече Neo Deco.

По години минималистичка естетика, како што е скандинавскиот стил, Neo Deco ги враќа во просторите наследените уникатни парчиња, геометриски орнаменти и длабоки, богати нијанси на скапоцени камења. Станува збор за спој на Art Deco гламур и современа удобност, која си игра со богатото наследство од минатото, но не во задушливо застарен контекст, туку во согласност со модерната функционалност. Луксузот е присутен на начин што не изгледа возвишено, туку опуштено и пријатно за живот. И најважно од сè, ја враќа топлината во просторите што последните години се стремеа кон минимализам.

Карактеристики на Neo Deco стилот

Подемот на стилот Neo Deco е неразделно поврзан со растечкиот интерес за heritage парчиња од и modern traditional, т.е. традиционален стил. И двата тренда ја отфрлаат конзумеристичката природа на брзото производство на мебел и фаворизираат простори со длабочина, карактер и чувство за историја.

Додека минимализмот честопати фаворизираше стерилен амбиент, празни површини и неутрални палети, Neo Deco се стреми да создаде удобна и рафинирана средина преку слоевито комбинацирање богати палети и потешки текстури, како што се сатен и кожа. Вклучувањето на парчиња како што се кожни гарнитури и кадифени фотелји создава впечаток на внимателно куриран гламур, потемна и позрела верзија на cosy животен простор.

Форми: Neo Deco се карактеризира со контраст помеѓу геометриски дезени и заоблени форми. Од едната страна има прави линии и основни форми како кругови и триаголници, додека од другата страна се омекнати со лепезасти школки и заоблени, меки форми.

Материјали: Neo Deco е пред сè дефиниран со богати, луксузни материјали кои зрачат префинетост завиткани со удобност. Студеноста на природните материјали како што се мермер, стакло и месинг е омекната со текстури на кадифе, кожа и топли дрвени дезени.

Палета на бои: Примарната палета на бои е пригушена и загасита, со цел да се создаде топол и мирно прибежиште. Се состои од топли тонови на природни материјали како дрво и кожа, длабоки бои на скапоцени камења, како што се смарагдно зелена, бордо црвена, петролејско сина и интензивно портокалова, и пастелни нијанси на светол мермер, млечно стакло и топли златни тонови на мед.

Мебел: Neo Deco стилот може да се чита во парчиња кои носат приказна и мајсторство на обработка. Квалитетни впечатливи парчиња инспирирани од наследството како фокусна точка, околу кои се градат модерни, елегантни елементи, така што просторот не изгледа како музеј, туку како рафиниран дом.

Архитектонски елементи и изработка: Art Deco, а со тоа и Neo Deco, е изрзито архитектонски стил. Геометриските дезени и симетричните распореди, како што се рибина коска и chevron, создаваат структура и формалност и дополнително ги нагласуваат елементите како што се ѕидните панели и пиластрите, карактеристични за традиционалните ентериери. Оваков структуриран пристап кон уредувањето на ентериерот обезбедува чувство на стабилност и издржливост, што е високо ценето во модерната традиционална естетика. Станува збор за квалитетен дизајн и видливо занаетчиско искуство како противтежа на масовно произведениот декор.

Испрати коментар

Scroll To Top