Европската унија се соочува со сериозни потешкотии во обезбедувањето на клучните суровини потребни за остварување на своите енергетски и климатски цели. Ова е главнот заклучок на најновиот извештај на Европскиот ревизорски суд (ECA). Според ревизорите, мерките на ЕУ за диверзификација на увозот сеуште не даваат опипливи резултати, домашното производство наидува на бројни тесни грла, а капацитетите за рециклирање с едалеку од потребните нивоа. Поради тоа, многу проекти кои Унијата ги поддршува, ризикуваат да не бидат завршени на време.

Преминот на обновливи извори на енергија бара огромни количини на опрема – од батерии, преку ветерни турбини, до соларни панели – за чие производство се клучни литиумот, никелот, кобалтот, бакарот и сл. Но, многу од овие суровини доаѓаат од само неколку земји надвор од ЕУ, првенствено од Кина, Турција и Чиле, што ја прави ЕУ исклучително ранлива. Со цел да ја намали зависноста, ЕУ во 2024 година го усвои Актот за критични суровини, со кој се дефинирани 26 минерали пресудни за енергетската транзиција. Сепак, според ECA, тој акт ги поставува само необврзувачките цели, при што не е јасно на кој начин се определени нивоата кои ЕУ би требало да ги постигне до 2030 година.

ЕУ сака до 2030 година да обезбеди 10% од потребите од домашни рудници. Но, истражувањата на потенцијалните наоѓалишта се бавни, а развојот на рударските проекти може да трае и до 20 години. Ревизорите предупредуваат на „магичниот круг“: недостатокот на достапни суровини го отежнува покренувањето на проектите, што ги намалува мотивите за зголемување на домашното производство.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија