Куќата Amnesia House, спокојно сместена на падините на долината Напа во Калифорнија, е дело на Garde Hvalsøe во соработка со Edmonds + Lee Architects.

Оваа приземна куќа е замислена како мирна оаза за клиенти од Сан Франциско кои сакаат контраст на урбаната енергија, и тоа во форма каде материјалите, пејзажот и ентериерот функционираат во совршена хармонија. Резултатот е софистицирано засолниште кое комбинира отпорност на пожари и сирова убавина на природниот терен – сè во хармонија со секојдневниот ритам на животот.

Долгата тераса ја фаќа светлината што паѓа врз темната челична фасада, додека зраците нежно се прелеваат врз терацо бетонскиот под и влегуваат во ентериерот обложен со топол даб. Куќата делува како два приземни волумени со кос покрив, тивко вградени во пејзажот, додека долината Напа се протега во далечината, пружајќи панорамски поглед и чувство на поврзаност со околината.

Двата паралелни волумена со коси кровови, побложени се со челични панели отпорни на високи температури. Оваа фасада создава континуирана, непропустлива бариера што го штити домот од потенцијални пожари, кои во Калифорнија знаат да бидеат ризични.

Минималните споеви и прецизно поставените панели го трансформираат екстериерот во вистинска „оклопна кожа“. Сместена на тесна платформа врежана во стрмна падина, куќата ги минимизира интервенциите во теренот и ја зачувува природната вегетација, дренажата и геолошките формации.

Терацо бетонскиот под се протега од внатрешноста кон терасата, создавајќи визуелна и тактилна врска помеѓу ентериерот и екстериерот. Оваа континуирана површина функционира и како структурен елемент и како платно за игра на светлина и сенка, давајќи му на просторот динамична, но смирена естетика.

Внатрешноста зрачи со смирената елеганција на дабот, која архитектите ја користат низ сите простории – од спалните соби и приватната канцеларија до семејната зона и гардероберот. Креветите на спрат и шкафовите изработени по мерка од линијата Atelier ги претвораат просторите за складирање и спиење во вградени елементи, додека кујната и мобилијарот за бања од истиот материјал ги поврзуваат приватните и заедничките простори во хармонична целина. Топлината и текстурата на дабот создаваат чувство на смиреност, додека дивиот пејзаж надвор останува нескротлив и импресивен.

Ентериерот е внимателно организирана: приватните делови се дискретно одвоени од социјалните, без дополнителни акустични панели. Отворената дневна соба со кујна и трпезарија гледа кон базенот и терасата, додека скулптуралниот лустер Studio Drift функционира и како извор на светлина и како декоративен детаљ.

Ниските форми на мебел, како што се парчињата Studio Roeper, ги одржуваат линиите на погледот отворени кон долината. Сè е бирано со мерка и пропорционалност, без пренагласена екстраваганција.

Секоја одлука – од ориентацијата на крововите до преминот низ ограничените влезови – произлегува од стрмниот, од пожари загрозен терен. Локалните занаетчии придонесуваат со знаење за регионот, а комбинацијата од челик, бетон и даб создава хармонија помеѓу функционалноста, отпорноста и тактилното присуство.

Како што одминува денот, фасадата добива златна нијанса, а терасата ја задржува сончевата топлина – куќата станува една континуирана форма во пејзажот, резултат на ризик, мајсторство и прецизен дизајн.

Amnesia House е пример за тоа како архитектурата може да биде и заштита и уметност – софистицирана, мирна, но моќна, исто како долината Напа каде е сместена.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија