„Електропривреда Србије“ (ЕПС) има намера да изработи студија за можностите за употреба на топлинските пумпи во објектите во склоп на Лимските хидроелектрани. Јавниот повик трае до 10-ти февруари. Проценетата вредност на тендерот е нешто над 32.000 евра, а рокот за извршување на работите е 150 дена.

Објектите кои треба да бидат предмет на студијата имаат 2.450 квадратни метри климатизиран простор. Станува збор за управна зграда, како и за хидроелектраните Увац, Кокин Брод, Бистрица и Потпеќ, машинска работилница и магацин. Студијата треба да опфати анализа на актуелната потрошувачка на топлинска енергија и преглед на можните решенија за користење на алтернативни или обновливи извори на топлинска енергија или унапредување на постоечките системи, со цел подобрување на енергетската ефикасност и промовирање на користењето на обновливите извори на енергија. Изведувачот треба да предложи решение и да го претстави намалувањето на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Задачата вклучува пресметка ан перодот на поврат на инвестицијата и преглед на регулативата.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија