Насловна / Вести / Европската Комисија предлага пониска цел за намалување на автомобилските емисии од 2035 година

Европската Комисија предлага пониска цел за намалување на автомобилските емисии од 2035 година

Европската Комисија подготвила нов пакет мерки за автомобилската индустрија со кои на производителите им дава поголема флексибилност во исполнувањето на критериумите за намалување на емисиите. Со новите правила целта за намалување на емисиите се спушта од 100% на 90% и се овозможува продажба на хибридни возила и возила со мотори со внатрешно согорување и по 2025 година.

Почнувајќи од 2035 година, производителите на автомобили ќе мораат да ја исполнат целта за намалување на емисиите за 90%, додека преостанатите 10% ќе мора да бидат компензирани со употреба на челици произведени со нискојаглеродни технологии од ЕУ или е-горива и биогорива. Со ова ќе се овозможи покрај електричните возила и возилата на водород, по 2035 година да се продаваат и разни видови на хибридни возила, како и возила со мотори со внатрешно согорување. Комисијата исто така предлага „супер кредити“ со кои автомобилските компании ќе бидат поттикнати да прават мали, достапни електрични автомобили произведени во ЕУ. Оваа мерка би била на сила до 2035 година. Предлогот на Европската Комисија доаѓа по притисокот на производителите на автомобили, кои тврдат дека нивното работење е загрозено поради конкуренцијата од Кина и САД. Неколку земји членки – Германија, Италија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, истакнуваат дека нивните производители на автомобили се соочени со високи цени на енергентите, недостаток на компоненти, вклучувајќи и батерии, како и слаба побарувачка за електрични возила. Предлогот на Европската Комисија вклучува пакет вреден 1,8 милијарди евра и истиот треба да помогне во развојот на батерии и во борбата со конкуренцијата надвор од ЕУ.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top