Насловна / Вести / Бугарија зазема водечка позиција во Eвропа по изградбата на батериски складишта на енергија

Бугарија зазема водечка позиција во Eвропа по изградбата на батериски складишта на енергија

Меѓу европските земји, Бугарија зазема водечка позиција во изградбата на постројки за складирање на енергија. според зборовите на министерот за енергетика на оваа земја. Со помош на финансирањето од Планот за опоравок и отпорост во износ од 1,2 милијарди евра, Бугарија изградила приближно 10.000 MWh капацитет во батериски системи за складирање на енергија. Со дополнителни 10% ресурси, односно 120 милиони евра преку втората фаза на програмата  RESTORE — национална процедура за поддршка за изградба на системи за складирање на електрична енергија од обновливи извори – ќе бидат развиени нови неколку илјади MWh капацитет.

Бугарија бележи значителни успеси и кога станува збор за зајакнувањето на енергетската ефикасност на национално ниво. Министерството за енергетика покренало Национален фонд за декарбонизација со цел поддршка за семејните куќи. Новите правилници за санација ќе бидат поедноставени, а поддршка на процесот ќе пружат и општините. Во моментот, во склоп на Планот за опоравок и отпорност се реализираат 1.500 проекти за домаќинствата, поврзани со изградба на фотонапонски системи и системи за топла вода. Покрај тоа, клучен приоритет е зачувувањето на работните места во енергетскиот сектор. Декарбонизацијата посебно влијае врз регионите кои традиционално се потпирале на лигнит, а каде во тек се проекти за издвојување на ретки земни елементи и додавање на биомаса во постоечките постројки.

Испрати коментар

Scroll To Top