Насловна / Вести / Ова е една од најубавите железнички рути во Европа

Ова е една од најубавите железнички рути во Европа

На една од најубавите железнички рути во Eвропа, сообраќа луксузниот воз Al Andalus во Шпанија, чие патување трае седум дена и шест ноќи, со поаѓања од Мадрид и од Севилја. На рутата на овој воз се наоѓаат некои од најубавите места на централна Шпанија – Севилја, Кордоба, Кадиз, Мерида и Толедо.

Патувањето со овој воз налик на некогашниот „Ориент експрес“, на патниците им нуди прилика да бидат опкружени со гламур, да ја запознаат магичната шпанска покраина Андалузија, со максимална удобност и мени кое содржи автентични специјалитети подготвени од врвни кувари. Во текот на патувањето, патниците имаат прилика да ги посетат древните градови, да запознаат векови историја и уметност и да уживаат во нестварни пејсажи.

Испрати коментар

Scroll To Top