Насловна / Вести / Саксии што ги уништуваат растенијата

Саксии што ги уништуваат растенијата

На многумина им се случило омиленото растение одеднаш да почне да венее, иако редовно го полеваат и се грижат за него. Ако сте ја провериле светлината, температурата и наводнувањето, а растението сè уште пропаѓа, проблемот може да лежи во нешто за кое ретко размислуваме – саксијата. Иако изгледаат безопасни, одредени видови саксии можат сериозно да го загрозат здравјето на растението, да ги задушат корените и да го скратат неговиот животен век.

Кои саксии се лоши за растенијата?

Саксии без дренажни дупки, премногу тесни, направени од несоодветни материјали и оние што задржуваат премногу влага можат сериозно да го загрозат здравјето на растението. Коренот скапува, растението венее, а можеби и не знаете во што е проблемот.

Саксии без дупки – тивок убиец на корените

Ако вашата саксија нема отвор за одводнување на вишокот вода, ризикувате гниење на коренот. Иако овие садови можат да бидат декоративни, растенијата во нив често се разболуваат бидејќи водата нема каде да се исцеди. Идеалното решение е двојна саксија – една со дупки внатре во декоративната без отвори.

Пластичните саксии го прегреваат коренот

Иако се лесни и евтини, пластичните саксии лесно се загреваат на сонце и ја задржуваат влагата. Ова може да предизвика стрес кај растението, особено во лето. Подобра опција се теракота или глинени саксии кои „дишат“ и овозможуваат природна регулација на влажноста.

Саксијата не е само декорација

Многумина избираат саксии по боја и дизајн, а забораваат на потребите на растението. Ако саксијата е премногу тесна, растението нема да може да развие здрав коренов систем, додека преголемата може да ја задржи вишокот влага. Секогаш прилагодете ја големината на саксијата на моменталната големина на растението и планираниот раст.

Вистинска саксија – подолг и поздрав живот на растението

Изборот на вистинска саксија е клучен за здравјето на вашите растенија. Изберете природни материјали, секогаш проверувајте дали има дренажни отвори и грижете се за пропорциите. Растението во добра саксија дише полесно, расте подобро и се разболува поретко.

Испрати коментар

Scroll To Top