Насловна / Вести / Скопје ќе добие влез и излез до подземната сообраќајница под Лимак

Скопје ќе добие влез и излез до подземната сообраќајница под Лимак

Град Скопје распиша јавна набавка за изградба на првата фаза на булевар Македонија, односно пристапите за влез и излез од подземната сообраќајница под станбено-трговскиот комплекс „Лимак“ во центарот на градот. Според тендерската документација објавена на Бирото за јавни набавки, ќе се гради потегот од крстосницата кај „Тутунски комбинат“ до влезот на подземната улица,  а рокот за доставување понуди е до 15 декември.

„По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа!

Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот.

Потоа ќе следат следните фази за изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, кои ќе овозможат побезбеден и побрз проток, со паметни и современи решенија согласно европските стандарди.

Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо, нешто што досега не било својствено за нашиот град.

Сообраќајницата ќе има шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз и дополнителни пешачки патеки.

Ова значи дека сообраќајот ќе се одвива непречено, а центарот на градот ќе се ослободи од гужвите, станувајќи многу покомфорен, побезбеден и поуреден простор за сите“, наѓиша на својот Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Испрати коментар

Scroll To Top