Под мотото „Побарај ја забавата“ почна Баскерфест – еден од најпрепознатливите улични фестивали во Македонија.
Баскерфест 2025, своето јубилејно 15. издание го започна од Расадник во скопската Општина Кисела Вода.
Како што најавија организаторите, фестивалот годинава е во форма на караван, односно, на 13 локации во 9 градови низ земјава, од 25 август до 6 септември, на уличните сцени ќе продефилираат преку 20 интернационални артисти од сите краеви на светот.

Фото: КИРО ПОПОВ
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија