Словачката компанија Klein Vision соопштила дека AirCar, првиот летечки автомобил на светот кој ќе влезе во сериско производство, ќе биде пуштен во продажба во првиот квартал на 2026 година. Овој двосед со изглед на спортски автомобил ќе може да се движи и по копно и по воздух.

Опремен со четири тркала и две склопливи крила, AirCar може да полета по забрзување на писта. Пред полетувањето, крилата се расклопуваат за околу две минути, а по доаѓањето на одредиштето, крилата повторно се склопуваат во каросеријата и возилото преминува во копнен режим. Klein Vision најавил дека AirCar ќе биде понуден со три опции на моторот: со 280, 320 и 340hp. Почетната цена ќе биде 800.000 долари, но во зависност од опремата може да достигне и до 1 милион долари. Користи течно гориво и може да се издигне до околу 5.500 метри. Досега возилото успешно завршило над 500 полетувања и слетувања и извело преку 170 часови тест летови. За во иднина се развива и електрична верзија на ова возило.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија