Насловна / Арт и дизајн / „Од ризницата на Македонското собрание“- изложени највредните уметнички дела од колекцијата на законодавниот дом

„Од ризницата на Македонското собрание“- изложени највредните уметнички дела од колекцијата на законодавниот дом

Вчера во Собранието беше отворена изложбата „Од ризницата на Македонското собрание“, која претставува избор од највредните уметнички дела кои се дел од колекцијата на законодавниот дом.

Од вкупно 160 уметнички дела кои се наоѓаат во колекцијата на Собранието, на оваа изложба во Кристалната сала беа изложени 22 дела на основоположници на современата македонската уметност, првата генерација академски образовани македонски сликари и скулптори кои ги поставија темелите на модерната македонска уметност како што се Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Аврамовски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Борко Лазески, Ејуп Омер, Василие Поповиќ Цицо, Бранко Костовски, Боро Митриќески, Петар Мазев.

Преку портрети, пејзажи, сцени од секојдневниот живот и експресивни композиции, овие уметници го пренесуваат духот на времето, борбата за културен идентитет и неговото оформување, станувајќи темел на националната свест и стремежот кон уметничка слобода.

Изложбата ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој истакна дека оваа збирка не е само уметнички архив, туку сведоштво за една длабоката поврзаност меѓу уметноста и државата, помеѓу индивидуалниот израз и колективното претставување.

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top