Насловна / Вести / Дури 470 електрични автобуси за главниот град на Колумбија

Дури 470 електрични автобуси за главниот град на Колумбија

Градската управа на Богота, главниот град на Колумбија и јавниот превозник Transmilenio, ја примија првата испорака од 120 електрични автобуси, како дел од вкупно планираните 470 возила. Во првата испорака станува збор за 120 соло автобуси од кинескиот производител BYD. Автобусите веќе од 26.12.2020 ќе тргнат со редовен сообраќај на девет линии на јавниот превоз, додека преостанатите 350 ќе бидат испорачани во првото тримесечие на 2021 година. Тогаш, на дури 30 линии на јавниот превоз во Богота ќе возат електрични автобуси. Се очекува дека со тоа ќе се овозможи еколошки превоз за дури 300.000 патници дневно, се разбира со значително намалување на емисиите.

Со цел да се овозможи полнење на сите овие возила, изградена е станица за полнење со 56 двојни приклучоци за полнење.

BYD1

Интересно е дека проектот за станицата за полнење е дело на компанијата Codensa, која е заедничко вложување на италијанската енергетскa групација Enel (веќе одамна присутна на енергетските проекти во Јужна Америка) и домашната енергетска компанија Bogota Energy Group.  Исто така, благодарение на набавката на новите електрични возила и нивната примена во редовниот градски превоз, ќе се отворат повеќе од 400 нови работни места.

BYD2

Воозилата имаат капацитет за 50, односно 80 патници. За целосно полнење бараат 1,5 – 2,5 часа, а дометот со едно полнење е 300km, што е сосема доволно бидејќи автобуситe дневно минуваат 260 km. Во споредба со досегашните дизел автобуси, на овој начин еквивалентните емисии на јаглерод диоксид ќе се намалат за 12.500t, а честичките прашина за 2,5t годишно.

BYd3

Испрати коментар

Scroll To Top