Фотографот Мојсеј Напељбаум, Евреин роден во Минск во царска Русија, ја започнал својата кариера како чирак во локално студио за фотографија. Така научил технологијата на изработка на фотографии, а потоа отворил две фотографски студија: едното во Москва, а другото во Санкт Петербург, на „Невски проспект“.

Мојсеј Напељбаум
Својата најпозната фотографија ја направил во 1918 година. Тоа бил портрет на револуционерниот водач Владимир Илич Ленин. Во текот на следните две децении, ги фотографирал повеќето познати личности во Советскиот Сојуз, од политичари до поети и режисери.
Напељбаум целосно го сменил стилот на студискиот портрет. Тој ги напуштил строгите пози и композицијата, додадал на портретите живост и користел интересни агли на снимање. На приказите на своите модели, тој играл со светло и сенка и постигнувал психолошка длабочина.
Ова се неговите најпознати портрети.
Политичари:
Првиoт советски водач Владимир Ленин, 1918

Лав Троцки, 1921

Жената на Ленин и револуционерка Надежда Крупска, 1932

Феликс Дзержински, 1921

Јосиф Сталин

Книжевници:
Поетот Александар Блок, 1920

Поетот Сергеј Есенин, помеѓу 1910. и 1920

Писателот Максим Горки

Писателот Борис Пастернак, 1926

Поетесата Ана Ахматова, 1922

Театар и филм:
Легендарниот советски филмски реджисер Сергеј Ејзенштајн, 30-ти

Театарскиот режисер Всеволод Мејерхољд, 1932

Театарскиот режисер Константин Станиславски, 1938

Глумицата Фаина Раневскаја, 1928

Музичари:
Композиторот Дмитриј Шостакович

Музичарот и композитор Мстислав Ростропович

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија