После две децении, проектот на Френк Гери за Меморијалниот центар на Двајт Ајзенхауер во Вашингтон, конечно се отвора за јавноста. Изградбата на центарот во чест на 34-тиот претседател на САД е одобрена од Конгресот во 1999 година. Ајзенхауер е добро познат по водењето на операцијата на инвазијата на Нормандија, пресвртна точка во Втората светска војна, а потоа бил претседател на САД во два мандати. Работата на овој проект барала голема посветеност од Гери, но и од Комисијата која за таа цел е формирана, како и бројни проектанти, уметници, градежни тимови и сл.
Отворањето е направено согласно мерките за заштита во услови на пандемија. Првично, отворањето била планирано за 8-ми мај годинава, на 75 годишнината од победата ан сојузниците, но одложена е поради пандемијата.