Насловна / Вести / Toyota подига „град на иднината“

Toyota подига „град на иднината“

Јапонската компанија Toyota планира да изгради прототип на “град на иднината“ во подножјето на планината Фуџи, кој ќе с енапојува со водородни ќелии и ќе функционира како лабораторија за роботизирани автомобили, паметни куќи, вештачка интелигенција и други технологии.  Овој свој план Toyota го открила на големиот саем за технолошка индустрија CES во Лас Вегас. Проектот ќе биде сместен на местото на затворената фабрика и ќе се вика “Исткаен град“ (Woven City), во знак на сеќавање на почетоците на Toyotа како производител на машини за ткаење. Градот ќе биде дом за постојано населените жители и истражувачите. Toyota не открива колку ќе чини овој потфат. И менаџментот на другите најголеми производители на автомобили разглеуваат како градовите на иднината би можеле да бидат дизајнирани со цел намалување на емисијата на штетните гасови која влијае врз климата, понатаму намалување на гужвите и воведување на интернетот во секојдневието (Internet of Things). Меѓутоа, планот на Toyotа да изгради заедница на површина од 71 хектар во близина на планината Фуџи, е голем чекор напред во однос на она што го предлагаат конкурентите. Јапонската компанија очекува во почетокот во градот да живеат околу 2.000 луѓе. Проектот му е доверен на легендарниот Bjarke Ingels.

wovencity1

wovencity2

wovencity3

Испрати коментар

Scroll To Top