Насловна / Вести / Малото австриско село кое било инспирација за „Фрозен“ привлекува 10.000 туристи на ден

Малото австриско село кое било инспирација за „Фрозен“ привлекува 10.000 туристи на ден

Hallstatt e малото алпско село дневно прима по околу 10.000 туристи бидејќи токму ова село било инспирација за градчето во анимираниот филм на Дизни „Фрозен“. Локалниот началник апелира на разбирање бидејќи овој сега најпопуларен град на Instagram, не може да се справи со толкав голем број луѓе. Некогаш мирното село со езеро и со популација од 780 жители, сега е преполно со туристи, кои постојано фотографираат, користат дронови, па дури и влегуваат во домовоте на мештаните за да користат тоалет. Hallstatt се наоѓа на листата на УНЕСКО за природно наследство од 1997 година, но стана мегапопуларно откако започна да се поврзува со филмот „Фрозен“, кој премиерно е прикажан во 2013 година. Најголем број од туристите доаѓаат од Кина. Hallstatt сега има шест пати повеќе туристи по глава на жител од Венеција, а хотелските соби чинат помеѓу 294 евра и 412 евра за само едно ноќевање.

frozen1

frozen2

frozen3

frozen4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top