Втората серија фотографии на Филип Конески и Борис Јурмовски од сетот разгледници „Бетонско Скопје 2“ можете од оваа недела да ги набавите во МКЦ / АПОТЕКА.
„Бетонско Скопје“ цели да го документира постземјотресното градителско наследство на Скопје и од него да создаде достоен сувенир, кој покрај визуелната перцепција ќе понуди податоци за авторот на делото, година кога е создадено и неговата локација во просторот.
Објекти кои се влезени во селекцијата за втората серија:

Евангелско методистичка црква / Јанко Константинов 1973-78

Гимназија „Никола Карев“ / Јанко Константинов 1968-70

Католичка катедрала „Пресвето Срце Исусово““ / Благоја Мицевски, Славко Ѓуриќ 1975-82

Гимназија „Орце Николов““ / Никола Богачев, Александар Смилевски 1969-71

Летна сцена „Школка““ / Кирил Муратовски 1965-66

Соборен храм „ Св. Климент Охридски“ / Славко Брезовски 1972-90

Станбени кули „Карпош 4 ““ / Александар Смилевски 1979

Градски трговски центар / Живко Поповски, Живко Гелевски, Лидија Маркова, Тихомир Арсовски, Панта Христовски, Димитар Димитров, Радомир Лаловиќ, Благоја Колев 1969-73

Театар на народностите / Љубица Маленкова, Вера Ќосева

Градски стадион- Јужна Трибина / Драган Крстев, Тодорка Мавкова 1977

Природнонаучен музеј на Македонија / Трајко Димитров 1968

Музеј на современа уметност / Клушевски, Мокшијски, Вјежбицки 1965-70
Извор: marh.mk
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија