Насловна / Вести / Загрепчани против проектот на градоначалникот

Загрепчани против проектот на градоначалникот

Граѓаните на Загреб излегоа со чадори да протестираат пред павилјонот на Мештровиќ, симболично порачувајќи дека во Загреб веќе нема сенки. Изразувајќи го своето несогласување со системското уништување на зеленилото во Загреб, поводот за конкретниот протест е сечењето на 22 стебла во близина на овој споменик со цел да се уреди околниот простор со голем број скалила. Протестите се одвиваат веќе подолго време под слоганот „Вратете ја магнолојата“ (Vratite magnoliju), бидејќи магнолијата било првото уништено стебло при организирање на градилиштето. Овој проект на доуредување на споменикот е само уште еден од многуте обиди на Градот и градските власти да остават свој печат на тој простор.

Имено, познатиот вајар Иван Мештровиќ, уште во 30тите години од минатиот век ја замислил изведбата на павилјонот во центарот на Загреб како споменик во чест на кралот Петар Караѓорѓевиќ. Властите на Независна држава Хрватска во текот на Втората светска војна ја претвориле во џамија, а подоцна станува Музеј на народната револуција. Во деведесеттите, во времето на претседателот Туѓман, павилјонот на Мештровиќ е замислен како хрватски Пантеон, односно почивалиште на хрватските великани.

Без оглед на бројните трансформации на сегашниот Плоштад на жртвите на фашизмот, сосема е јасно дека буквало секоја власт сакала да остави своја трага, па последен во низата е и обидот на сегашниот градоначалник на Загреб. Тој неодамна стартуваше со уредување на просторот, но се соочи со отпор од дел од граѓаните. Поради девастацијата на просторот, против градоначалникот Бандиќ поднесена е кривична пријава.

prosvjedi1

prosvjedi3

prosvjedi4

prosvjedi5

prosvjedi7

 

Испрати коментар

Scroll To Top