Со измените во деталните урбанистички планови за централното градско подрачје Скопје ќе стане средновековен град со тесни и непроодни улички и со мал плоштад, беше заклучено на седницата на градското партиципативно тело за урбанизам, кое го сочинуваат пет експерти од оваа област и пет советници од Градот. – Во самото градско јадро со помош на Владата се планира да се изградат неколку значајни објекти, но тие целосно ќе го затворат просторот и градот ќе заличи на населба од средниот век – истакна професорот Андреј Токарев, претседател на ова тело.Тој најави дека ќе мораат да одржат седница во проширен состав на која ќе бидат поканети и претставници од Општина Центар и од Министерството за транспорт и врски, на која ќе се расправа за предложените измени. Партиципативното тело, пред с¢, се противи на изградбата на црква меѓу ресторанот “Дал Мет Фу” и Стоковната куќа “Сити галери” и на зградата на архивот од другата страна на Камени мост, пред седиш тето на Комерцијална банка. Партиципативното тело веќе даде негативно мислење за Деталниот урбанистички план со кој беа предвидени облакодери спроти хотелот “Холидеј ин”, но и покрај тоа тој е усвоен од Општина Центар.
Т.Г.
Објавено во број 85.