Насловна / Порта3 / Учесниците од 12 факултети се покажаа како вистински инженери

Учесниците од 12 факултети се покажаа како вистински инженери

Image
Конгресот покажа дека студентите ја владеат модерната технологија, користат напредни програми и можат да учествуваат како соработници во проекти

Околу 90 студенти од повеќе универзитети, заедно со менторите – професори и асистенти учествуваа на годинешниот, втор по ред Регионален конгрес на студенти од геотехнолош ки факултети – ГЕОРЕКС, кој се одржа од 16 до 21 април во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Користејќи го искуството од првиот конгрес, кој се одржа лани во Тузла, БиХ, македонските домаќини годинава понудија богата програма според распоредот еден ден работа, еден ден шетање и запознавање на гостите од странство со убавините и културните вредности на Охрид.

Во работата на овој конгрес учествуваа студенти од Рударско-геолошко-градежниот факултет во Тузла, Факултетот за градежништво и геодезија во Љубљана, Градежниот факултет во Подгорица, Факултетот за градежништво и архитектура во Ниш, Рударско- геолошкиот факултет во Белград, Факултетот за геотехнички науки во Нови Сад, Градежниот факултет во

Image

Загреб, Архитектонско-градежниот факултет во Бања Лука, Градежниот факултет во Осиек, Факултетот за рударство, геодезија и политехника во Штип, Архитектонскиот и Градежниот факултет во Скопје. Конгресот го поздравија деканот на Градеж ниот факултет во Скопје професор д-р Петар Цветановски, претседателот на Друштвото за геотехнологија на Македонија професор д-р Васил Витанов и претставник на еден од поддржувачите, Фондот за води на Република Македонија, Мелита Гочевска. На генералната тема “Современи методи и алатки во геотехнологијата“, во шест работни сесии студентите презентираа 22 труда од разни области како рударство, градежништво, геологија, екологија и други, и тоа на високо професионално ниво, како вистински инженери. Доказ за високата заинтересираност за работа на Конгресот е тоа што дискусиите, во кои учествуваа и студентите и менторите, продол- жуваа и по завршувањето на работните сесии, а најголемо интересирање предизвика презентацијата на словенечката иницијатива на 500 метри од морскиот брег да изгради остров во форма на делфин. Презентациите беа потврда дека студентите успешно владеат со модерната технологија во градежништвото, користат напредни програми, што значи дека ги следат и учествуваат како соработници во проектите.

Image

Во работниот дел се одржаа и три креативни работилници што ги водеше педагогот м-р Биљана Крстевска-Папиќ. Првата беше во функција на полесно и побрзо запознавање и стекнување доверба во рамките на тимот, втората помогна во градење на конструктивни и соработнички односи меѓу учесниците од различни факултети и влијаеше врз зајакнувањето на позитивната социјално-емоционална клима, а третата имаше функција на енергизирање и развивање на динамички интеракциски врски меѓу учесниците од разните факултети и го помогна понатамош ното успешно соработување и разменување информации меѓу нив, што е претпоставка и основа за идното професионално надградување во научната сфера.

Image

Конгресот беше исполнет и со многу дружење по завршувањето на работата и шетање низ Охрид. Студентите ги посетија Вевчани, каде што добија вев- чански пасоши, Самуиловата тврдина, амфитеатарот во Охрид, Плаошник, црквите “Света Софија“ и “Свети Јован Канео“, прошетаа низ градот и крстосуваа со брод по Охридското Езеро. Имаа можност да си ги одмерат силите на фудбалски натпревар и на караоке шоу, а ги забавуваше и КУД “Кочо Рацин“. На крајот, сите добија дипломи за учеството, а на Факултетот во Тузла му беше доделена плакета како на прв организатор на Конгресот. Исто така, менторите имаа состанок на кој се договараа каде ќе се одржи следниот конгрес, а одлуката треба да се донесе до септември.

Image

Претставниците на организациониот одбор Златко Зафировски, Стевчо Митовски, Маријана Ефтоска и Гоце Тасевски велат дека учесниците биле многу задоволни од организацијата и текот на Конгресот и поосебно го истакнуваат ангажманот на македонските студенти кои не само што учествувале во работата, туку и многу помогнале во организацијата и анимирањето на колегите од странство. Посебна благодарност упатуваат до наставниот кадар на Градеж- ниот факултет кој ја поддржа идејата за организирање на Конгресот во Македонија, како и до бројните спонзори кои со финансиска помош го овозможија организирањето на ГЕОРЕКС.

С.В.

Објавено во број 81.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top