Насловна / Вести / 75 милиони евра за пошумување на Мадрид

75 милиони евра за пошумување на Мадрид

Планирано е Мадрид да добие огромен шумски појас, што ќе го обвиткува градот и кој ќе биде долг дури 75 километри. Овој зелен појас ќе го сочинуваат стотици илјади нови стебла кои ќе бидат посадени со цел подобрување на квалитетот на воздухот, кој во престолнината на Шпанија е прилично загаден, за што најголем виновник се смета сообраќајот. Во план се исто така и нови паркови, како и т.н зелени мостови преку главните патишта.  Се очекува дека оваа т.н „Метрополитенска шума“ (El Bosque Metropolitano) би можела да биде најголемата зелена инфраструктура изградена во Европа во следната деценија.  Фондот на Европската унија наменил 4,1 милиони евра, како почетно вложување во овој мега проект. Се проценува дека вкупната инвестиција за целиот проект ќе изнесува 75 милиони евра, а 16 милиони евра веќе се во Мадридската „градска куќа“. Поводот за оваа идеја е секако и борбата против климатските промени, но главниот проблем кој ги мачи граѓаните е високото ниво на загаденост на воздухот.  Градската власт во Мадрид очекува дека по целосното завршување на проектот, што се проценува на околу 12 години, „Метрополитенската шума“ ќе има капацитет да апсорбира 170.000 тони јаглерод диоксид на годишно ниво.

madrid1

madrid2

madrid3

madrid4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top