Насловна / Вести / Нов комерцијален суперсоничен авион се подготвува за својот прв лет

Нов комерцијален суперсоничен авион се подготвува за својот прв лет

Повеќе од 50 години после првиот лет на Concorde, се подготвува полетувањето на новиот суперсоничен авион. Start-up компанијата Boom Supersonic од Денвер, објави дека на 7ми октомври ќе го претстави прототипот XB-1, со една третина од природната големина на новиот суперсоничен комерцијален авион Overture, а пробните летови ќе започнат од 2021 година. Тој потег ќе помогне во отворањето на патот за првиот комерцијален суперсоничен лет, откако во 2003 година беше пензиониран легендарниот Concorde. Прототипот XB-1 би требало да ги докаже и покаже „клучните технологии“ на Overture, како конструкцијата од композитни материјали со јаглеродни влакна и компјутерски оптимизирана високо ефикасна аеродинамика. Компанијата објави и фотографии од експерименталниот авион во хангарот, и истиот е опишан како „најбрз во историјата на приватно развиениот авион“. Компанијата тврди дека резултатите од програмата за тестирање на XB-1 покажуваат дека тој е 100% јаглеродно неутрален и дека резултатите се такви што ќе овозможат финализирање на проектот на суперсоничниот авион Overture.

boom1

boom2

Пред пандемијата, компанијата Boom Supersonic имал најмалку шест милијарди долари вредни преднарачки за авионот кој чини 200 милиони долари, а меѓу купувачите се Virgin Group и  Japan Airlines. Overture кој може да прифати 55 до 75 луѓе, би требало да започне со патнички летови во 2030 година, примарно на прекуокеанските летови на кои може да се искористи нивната брзина од 2,2 Mach, како што е тоа на пример релацијата Њујорк – Лондон. Тој лет би траел само 3 часа и 15 минути.

Авионот е дизајниран со помош на најновите технологии за намалување на бучавата, а со надзвучни брзини би летал само над океаните, со цел да се избегне звучното загадување на населените подрачја. Освен компанијата Boom Supersonic, на надзвучни авиони работи и Aerion Corporation која во моментот во Невада го развива патничкиот суперсоничен авион кој може да прими до 12 патници.

boom3

boom4

Испрати коментар

Scroll To Top