Насловна / Арт и дизајн / „50 години МКЦ“: Конкурс за избор на идејно-графичко решение

„50 години МКЦ“: Конкурс за избор на идејно-графичко решение

Младинскиот културен центар во Скопје во текот на целата 2022 година планира да го слави својот голем јубилеј – 50 години од основањето. Годишната програма ќе почне со славење на Роденден на уметноста на 18 јануари и ќе заврши со Роденден на МКЦ на 28 декември.

По повод јубилејот, МКЦ отвори КОНКУРС за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ во 2022 година – со цел создавање на визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.

1

Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија се:

- Графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција

- Идејно-графичко решение на лого „50 години МКЦ“

- Дефиниран избор на комбинација на бои;

- Дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка;

Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на МКЦ преку цела 2022 година.

Конкурсот е отворен до 12 јануари 2022 година.

Аплицирањето ќе се врши онлајн, преку следниот линк: https://mkc.mk/aplikacii/50godinimkc//

Повеќе за ова може да видите тука.

Screenshot 2022-01-10 091053

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top