Насловна / Вести / 5. Меѓународен симпозиум за сигурност на брани во Истанбул

5. Меѓународен симпозиум за сигурност на брани во Истанбул

Во периодот од 27 до 31 октомври 2018 година, во Истанбул, Турција, се одржа 5-тиот Меѓународен симпозиум за сигурност на брани (5-th International Symposium on Dam Safety) во организација на Dam Safety Association (DSA) и Турскиот комитет за големи брани (TRCOLD). Овој значаен меѓународен настан во Инженерството за брани се одржаа во грандиозниот хотел Cevahir Asia Hotel, во модерниот азиски дел на Истанбул, на брегот на Мраморното Море (Sea of Marmara).
Манифестацијата беше отворена од проф д-р Hasan TOSUN, претседател на организациониот одбор, а на свеченото отворање до учесниците на симпозиумот се обратија: Akif ÖZKALDI, заменик министер за земјоделство и шумарство на Турција, Mevlüt AYDIN, директор на DSI – General Directorate of State Hydraulic Works и проф. S. Feyza Cinicioglu, претседател на Здружението за геотехника на Турција.

брани1

Поздравен збор на проф. Hasan TOSUN, претседател на организациониот одбор

Темите на 5-тиот симпозиум беа: Изградба и оперирање со хидротехнички објекти, Анализа на уривање на брани и мапи на плавење, Уривање на брани и лекции научени од инциденти, Проектни поплави и Проектна пракса за брани и придружни објекти, Управување со брани во итни случаи, Еколошки прашања за брани, Обновлива и одржлива енергија, Геодетско мерење за големи брани, Геолошки и геотехнички истражувања за големи брани, Долгорочно однесување на брани, Јаловишни брани, Мониторинг и инструментирање на брани, Приоритет за подобрување на сигурноста на брани, Проблеми при градење на брани, Јавна безбедност – практики и оперативни постапки, Безбедносни регулативи за големи и мали брани, Социјално влијание на брани, Стабилност на боковите на акумулациите, Статичка и динамичка анализа на брани, Анализа на сеизмички хазард на брани, Анализа на вкупниот ризик на брани
Од големиот број на реферати кои беа публикувани во Зборникот посветен на 5-симпозиум, прифатени од Меѓународниот редакциски одбор составен од најугледните експерти за брани во светот, беа отпечатени и три реферати припремени од членови на MACOLD: Static Analysis of Gratche Arch Dam – A Case Study, Borjana BOGATINOSKA, Frosina PANOVSKA, Stevcho MITOVSKI, и други, Predicting of Behavior of Measurement Point at Dams, Slavko MILEVSKI, Dams in Republic of Macedonia – The Key Pillar of The Water Management Infrastructure, Ljupcho PETKOVSKI, кои беа изложени со две говорни презентации. Воедно, подвлекуваме дека на 5-тиот Симпозиум му беше дадено соодветно признание на MACOLD, со тоа што член од нашето здружение за брани беше претседател на една од техничките сесии и член на International Scientific Committee за рецензија на рефератите.

брани2

Пленарна сесија за сигурност на брани за Југоисточна Европа

На крајот би истакнал дека учеството на делегати од Здружението Македонски Комитет за Големи Брани (ЗМКГБ или MACOLD) на манифестациите во организација на Меѓународните здруженија за брани од огромно значење за развојот на Инженерството за брани во Р Македонија. Тоа претставува можност да се набават Зборниците со рефератите, активно да се учествува на техничките сесии и да се стекне знаење од најугледните експерти за брани во Светот, што претставува прв услов новините во Инженерството за брани да бидат имплементирани кај нас. Ја ползувам оваа можност да се заблагодарам на Градежниот факултет во Скопје и Градежен Институт Македонија од Скопје, без чија финансиска поддршка, учеството на делегати од Македонија на 5-тиот Симпозиум во Истанбул, Турција, ќе беше тешко изводливо.

Проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје

Испрати коментар

Scroll To Top