Насловна / Архитектура / Топ 5 деловни простори во Македонија

Топ 5 деловни простори во Македонија

top5_enterieri_thumb.jpgСтоматолошката ординација „Д-р Тони Крмзов“ која ги нуди сите стоматолошки услуги постои веќе 15 години. Гледајќи го новиот простор на стоматолошката ординација, за момент забораваме на задачата заради која таа е проектирана. Погледот ни се губи во ѕидовите-паравани што ги делат различните функции, акцентите во зелена боја што од плафонот преминуваат на апликациите на ѕидовите, во градацијата на просторот од јавен до интимен.

Ентериерот открива богатство на визури кои се менуваат со секој наш чекор, а просторот во кој се издиференцирани влезен хол со пулт, санитарии, ординации, просторија за менаџер и технички простории се одликува со чисти форми, карактеристични за минималистичките ентериери во новиот милениум. Архитектките Вања Дончева
и Сандра Дончева од
студиото „Биро Проект“, се
автори на ентериерот. Низ
рамнотежата на уметничкото
и функционалното,
убавината и рационалноста,
тие нè потсетуваат колку
е важна естетиката
при проектирањето на
деловните ентериери. Таа
не е „резервирана“ само
за елитните барови и
уметнички галерии, туку
треба да биде интегрален
дел од секој простор во кој
престојуваме, како што се и
стоматолошките ординации.

 

 

Стоматолошка ординација „Д-Р ТОНИ КРМЗОВ“

top5_enterieri.jpg

 

 

Винарија SKOVIN

Поставена во оската
на Камениот мост,
во архитектонскиот
конгломерат составен
од објекти со различни
волумени и пропорции,
Ристиќевата палата со
децении претставува објект на
идетификација на граѓанинот
со градот. Ја проектирал
архитектот Драгутин Маслаќ
во 1926 година за аптекарот
Владислав Ристиќ од Скопје.
Винаријата е дел од планот
што потсетува на раширено
ладало над кој се издига
моќниот волумен на палатата.
Дрвото е доминантен
материјал кој внесува
топлина во ентериерот.
Со него се изведени полиците,
пултот и витрините. Негов
контрапункт е големиот излог
од стакло, кој е екран што го
прикажува животот на градот.
Во ентериерот архитектката
Искра Михајловска, која
е автор на ентериерот
посебно внимание посветила
на осветлувањето што
е решено со светилки
чиј дизајн е во склад со
неостилот на палатата.
Архитектонската рамка
на просторот е неутрална.
Таа го затвора ентериерот
како втора кожа, па така
просторот го доживувате
како да е лично ваш, иако
додека дегустирате или
купувате вино сте изложени
на очите на јавноста.
top5_enterieri_2.jpg

 

 

LUX

Дизајнерската
приказна наречена
LUX е креација
на архитектката
Искра Малинковска.
LUX се простира на 90м²,
на две нивоа и специфична
висина на просторот, која е
нетипична за македонските
ентериери. Ентериерот е
поделен на класичен и модерен
дел, каде секој потрошувач
лесно ќе може да го пронајде
своето светлосно парче меѓу
25-те брендови светилки,
различни по дизајн и цена.
Вештината на архитектот
со дваесетгодишно
искуство може да се види во
обликувањето на секој агол на
ентериерот што е синоним за
пространство. Во централниот
дел на првото ниво доминира
белиот италијански мебел,
опкружен со многуте светилки
распрскани низ ентериерот,
кои целосно го обземаат.
Белата стаклена маса,
удобните фотелји и белите
полици со интересна форма,
одлично се надополнуваат со
скалите од бел мермер што
се пресликуваат на црното
стакло од лизгачките врати
на шкафот. Од полиците
наѕира црн декориран тапет,
кој дискретно ги прикрива
скалите и се простира низ
половина ентериер, и на
крајот ја обвива вратата што
води кон чајната кујна.
INLIT светлото, што
суптилно фрла виолетови
тонови врз мермерните скали,
ве води до горното ниво,
каде се чувствува работната
атмосфера на архитектонскиот
тим. Овде доминира масата со
јајцевидна форма, опкружена
со едноставни црни столови.
Над неа, лустер со неправилна
форма во бела боја. Во аголот
се поставени транспарентни
столови, кои ја надополнуваат
приказната, но не доминираат
во просторот. На ѕидот
спроти нив, од подот се
издигнува дел исполнет со
долга работна маса, од каде
извираат креативните идеи на
архитектонскиот тим LUX.top5_enterieri_3.jpg

 

 

Royal House

Rosenthal, Swarovski,
Leonardo, Villeroy&Boch
се дел од реномираните
светски брендови, кои
се изложени во Royal
House. Секој од нив има
посебен простор за себе.
Продавницата за уредување
на домот што се наоѓа во
строгиот центар на градот
е уредена и опремена
по највисоките светски
стандарди. Производите
изработени од кристал,
порцелан, прибори за јадење
и готвење од најквалитетни
материјали, предмети за
разубавување на домот, се
интегрирани во ентериерот
и претставуваат нераскинлив
дел од него. Во очи паѓаат
порцеланските парчиња на
дизајнерот Карл Лагерфелд,
од куќата на Rosenthal,
привлечни за колекционери,
со своите лимитирани
колекции со потпис.
Од целиот дизајнерски
асортиман на Villeroy&Boch,
најспецифична е колекцијата
Old Luxembourg,
карактеристична по својот
ретро изглед, а се произведува
по дизајнерски модел од 1760
година. Колекција која на
домот му дава дух на некои
одминати времиња, плени
со својот гламур и со своите
многубројни дизајнерски
асесори, одлично се вклопува
и во модерните ентериери.
Во средиштето на
објектот е поставен пулт,
кој доминира во просторот
каде се изложени каталози
и брошури. Стилски
осмислените полици,
изработени од квалитетни
материјали, со суптилно
осветлување на производите,
ненаметливите бели ѕидови,
креираат посебен дел за секој
бренд . Таванот е прошаран
со светилки, врамени во
кружни, бели метални рамки,
кои идеално се согласуваат
со подот во боја на слонова
коска. Зад приемниот пулт
се наоѓаат дрвените скали
кои внесуваат топлина во
просторот, водејќи нè на
долното ниво, каде е изложен
помал дел од производите.top5_enterieri_4.jpg

 

 

Суши Бар NOBU

Среде метежот на
улица Ленинова,
е креиран овој
амбиент создаден
за вистинско уживање.
Суши бар NOBU е место
кое иако постои од 2006
година, сè уште ви дава исто
чувство, како и на самиот
почеток. Низ просторот што
плени со атмосфера која
те опушта, се проткајува
ентериерната приказна на
Бојан, сопственикот на овој
ресторан. Иако не асоцира на
јапонски бар, во кој строго
се почитуваат правилата на
ентериерното уредување,
сепак, овој ресторан не се
обидува да глуми јапонски
амбиент. Гостите не седат
на подот, не се обврзани
да јадат само суши и да се
измачуваат со кинеските
стапчиња, не уживајќи во
вкусот на храната. NOBU
е ресторан приспособен
на македонското поднебје,
со амбиентална музика
и пријатна атмосфера.
Просторот е исполнет
со мебел во едноставни
форми, во бела и црна боја,
со црвени моменти кои се
појавуваат кај деталите и
за момент го одвлекуваат
Вашето внимание.
Правилните форми го следат
целиот ентериер. Тенките
гредички се вистинско
решение за прикривање на
некои делови, креирајќи
функционален и естетски
ефект. Се забележуваат
на повеќе места. Го
обвиваат белиот столб
поставен во централниот
дел, веднаш до шанкот.
Истите овие гредички,
суптилно се повторуваат
и ги прикриваат белите
радијатори. Дизајнерските
илустрации на ѕидовите,
вазите, специфичните чинии
и свеќниците, му даваат
идентитет на просторот во
кој во целост се чувствува
духот на јапонската култура.
Илустрираните тапети
симпатично се пресликуваат
во големите врамени
огледала, кои пак, создаваат
илузија на поголем простор.
top5_enterieri_5.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top