Насловна / Дневни Вести / Благодарници за придонес во градежното инженерство

Благодарници за придонес во градежното инженерство

blagodarnici_thumb.jpg

Скопје – Сојузот на градежни инженери на Македонија на дваесет свои членови им додели благодарници за нивен придонес во градежното инженерство. На свеченоста на Градежниот факултет, наградите им ги врачи професорот Вулнет Палоши, претседател на Сојузот на градежни инженери на Македонија. Во своето кусо обраќање тој истакна дека Сојузот денес го сочинуваат 13 друштва, во чиј состав делуваат околу 3.000 градежни инженери.
Заблагодарувајќи, во име на добитниците на признанијата, професорот Трифун Паскалов се заложи за формирање на Академија на инженерските науки. Во прилог на ова поддршка даде и професорот Александар Димитров, претседател на Инженерската институција на Македонија, кој нагласи дека потребни се заеднички напори и работа идејата да стане стварност. Наградените ги поздрави и Деканот на Градежниот факултет во Скопје професор Петар Цветановски.
Годинава признанието од Сојузот на инженерите на Македонија им беше врачено на проф. Михајло Серафимовски, проф. Никола Гаврилов, проф. Трифун Паскалов, проф. Тихомир Николовски, Проф. Павле Стојменов, дипл.инж.град.Илија Андоновски, проф. Петар Цветановски, дипл.инж.град. Владимир Лазаревски, м-р Цветан Таневски, дипл.инж.град. Ѓорѓи Шелев, дипл.инж.град. Љубомир Чаулев, проф. Васил Витанов, проф. МИхаил Гаревски, проф. Санде Атанасовски, дипл.инж.град.Борис Таневски, проф. Атанас Филиповски, дипл.инж.град. Златан Манов, дипл.инж.град. Добре Тасевски, проф. Голупка Нечевска Цветановска, проф. Цветанка Поповска и дипл.инж.град. Благоја Дончев. 
  

blagodarnici.jpg

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top