Насловна / Вести / Глоба од 3.000 евра за загадувачите на почвата

Глоба од 3.000 евра за загадувачите на почвата

rsz_soil-hands-web
Законот за заштита на почвите ќе вклучи парични казни за наводнување со загадени и фекални води, казни за сите што неконтролирано ја ѓубрат почвата со вештачки ѓубрива, применување на земјоделски практики што доведуваат дo намалување на органската материја и на биодиверзитетот како загадување на почвите со опасни супстанции и друго. Нема да бидат поштедени и тие што горат или вршат друга форма на неконтролирано оставање и отстранување отпад на почвата.

Според Законот за заштита на почвите, сопственикот или корисникот на земјиштето е должен да води грижа за почвата и да не ја оштетува. Исто така, сопствениците и корисниците на подземни и надземни мрежи и канализации се должни да ги одржуваат во техничка исправност и да не дозволуваат со користењето да настане деградација на почвата. Со законот се опфатени и сопствениците и операторите на депониите, како и на објекти за производство и складирање отпад на опасни супстанции, препарати и производи.

За прекршителите на Законот за почвите казните се ригорозни. Глоба од 3.000 евра ќе му се изрече на правно лице ако врши дејности или активности што предизвикуваат деградација на почвата. Толку ќе добијат и сопствениците и корисниците на подземни и надземни мрежи ако не ги одржуваат истите во техничка исправност и ја загадат почвата. Глоби се предвидени и за физичките лица и се во висина од 150 евра.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top