Насловна / Вести / Панорамското тркало ќе се прави пет години

Панорамското тркало ќе се прави пет години

rsz_пан_т
Изградбата на Панорамското тркало кое ќе биде поставено на пешачки мост на реката Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и новиот театар, ќе заврши во 2019 година. Панорамското тркало ќе биде високо 73 метри, а ќе има дијаметар од 57 метри.Предвидено е да има 30 гондоли, а во една ќе можат да се соберат осуммина возрасни и две деца.

Гондолата ќе може да издржи товар од 750 килограми, а максималниот капацитет на патници на панорамското тркало ќе биде 300, односно 240 возрасни и 60 деца.

За овој проект ЈСП Скопје ќе треба да издвои над 12 милиони евра, кои претпријатието ќе ги двои во четири буџетски години, од 2014 до 2018 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top