Насловна / Градежништво / 14 Европска Конференција за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија

14 Европска Конференција за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија

14ta_konferencija.jpgОколу 1.000 учесници од 74 земји ширум светот направија конференцијата да прерасне од европска во
светска. Со своите презентации и дискусии тие цели пет дена разменуваа искуства и дискутираа за новите,
безбедни техники во градењето, ги анализираа оштетувањата на градбите во регионите погодени од
катастрофален земјотрес,

промовираа нови методи за процени на ризиците од оваа природна катастрофа.

Зборуваа за задачите и целите на земјотресното инженерство и инженерската сеизмологија во 21 век.

14ta_konferencija_2.jpg

Од 30 август до 3 септември
над 1.000 експерти по
земјотресно инженерство
и инженерска сеизмологија, во
Охрид, пет дена презентираа,
расправаа, се дружеа во „слава“ на
науката. Иако стануваше збор за
Европска конференција, според
бројот на учесниците, според
земјите од каде што дојдоа, 74 земји,
според континентите, ги имаше
од целата земјина топка. Па така,
настанот прерасна во светски, а
не европски собир на професори,
научници и инженери.

 

Домаќин
на наредната Конференција во
2014 година ќе биде Истамбул,
а негов конкурент беше Виена.
Беше пријатно да се биде
македонец уште на отворањето
на Конференцијата. Да се чујат
убавите зборови за нашата земја,
за Институтот за земјотресно
инженерство и инженерска
сеизмологија од устата на
професорот Тео Тасиос, кој имаше
чест да ја прими нововостановената
награда која го носи името на
големиот научник и пријател на
Македонија и еден од втемелувачите
на ИЗИИС професорот Николас
Амбросеис.

 

Професорот од Турција
Атила Ансалт, уште еднаш ги потсети
помладите и оние што не знаат,
дека Европската Асиоцијација
за земјотресно инженерство е
формирана во Скопје во шеесетите
години, и дека во седумдесеттите
години во Скопје е испечатен и
првиот Билтен на Асоцијацијата.
Задоволството, но и одговорноста
да биде домаќин на оваа
Конференција, која се одржува
секоја четврта година, ја имаше
Македонската асоцијација за
земјотресно инженерство (МАЕЕ), со
поддршка од Европската асоцијација.
Главниот товар падна врз плеќите
на ИЗИИС. Сепак вложениот
труд се исплати.

 

Се исплати и
специјалната хала – конгресен
центар, за 1.000 посетители, со
големина 60 на 25 метри, целосно
климатизирана, која за овој голем
настан беше монтирана на паркинг
над хотелот „Метропол“. Се исплати
и запоседнувањето на неколкуте
најголеми и некои помали хотели во Охрид. Едноставно, Конференцијата
беше успешна. Признанија за тоа не
штедеше никој од гостите. Особено
помладите, што имаа можност во
„живо“ да видат водечки имиња од
областа на сеизмолошката наука.
Радуваше сознанието дека на едно
место можат да се видат научници
од Филипини, Иран, Јужна Америка,
САД, Канада, Тајван, Јапонија, Русија,
од Африка, а да не зборуваме за
европјаните…Беа во постојано
движење. Се среќаваа во девет
сали во неколку хотели, на толку
паралелни сесии, општи и специјални,
одбрани според сродни области,
а секако и на неколкуте пленарни
заседавања. Имаше и специјална
сесија за земјотресот во Чиле.
Учесниците во презентациите и во
дискусиите цели пет дена разменуваа
искуства и дискутираа за новите,
безбедни техники во градењето,
ги анализираа оштетувањата на
градбите во регионите погодени
од катастрофален земјотрес,
промовираа нови методи за
процени на ризиците од оваа
природна катастрофа. Зборуваа за
задачите и целите на земјотресното
инженерство и инженерската
сеизмологија во 21 век.

 

Земјотресите во Чиле и Хаити во
изминатите месеци, како и оној во
Нов Зеланд изминативе денови,
само ги потврдуваат залагањата и
тврдењата на научниците. Заклучокот
е дека само со квалитетни градби и
ригорозно почитување на прописите
може да се спречат катастрофалните
последици од земјотресите.
Треба да се делува превентивно.
Во Нов Зеланд, земја со 14.000
земјотреси годишно, разорниот
земјотрес нанесе само определна
материјална штета. Велат дека токму
поради тоа имаат мошне строги
прописи за градење и доследно ги
почитуваат. И во Чиле земјотресите
поминаа со мал број жртви, но
тоа не беше случај со Хаити, каде
очигледно воопшто не е водено
сметка за тоа како се гради. Оттука
и стотиците илјади човечки жртви.
Но, на Конференцијата не се
славеше само науката. Домаќините
се потрудија на гостите да им ја
презентираат и Македонија. По
целодневните напорни сесии,
научниците навечер имаа можност
да се олабават на пропратните
манифестации. Дали било
гала-вечера или дегустација на
македонските вина.

 

Во Античкиот
тетар тие имаа можност да се
одушевуваат на македонскиот
фолклор, презентиран од ансамблот
„Танец“ и музиката на групата
„Синтезис“. За впечатоците да
бидат целосни освен посетата
на градот Охрид, за нив беше
организирана посета и на манстирот
„Св. Наум“. Некои од нив изјавија
дека задолжително со семејствата
ќе дојдат повтрорно во Охрид,
но овој пат како туристи.
Првиот човек на ИЗИИС, Михаил
Гаревски, е презадоволен од тоа
како е организирана и како се
одвиваше Конференцијата. Во
шега вели дека сега, тимот што го
организираше овој научен собир,
откако донесе илјада гости од цел
свет, може да донесат илјадници
туристи во Македонија. И навистина,
не е мала работа да се организира
сите учесници да дојдат во Охрид,
дотолку повеќе што Македонија
е слепо инфраструктурно црево,
што во шега беше кажано и од
устата на еден од учесниците во
поздравниот говор на отворањето
на Конференцијата. Луѓето се носеа
со посебни тури од аеродромите во
Тирана, во Солун, во Приштина, во
Скопје до Охрид, се со цел навреме
и безбедно да пристигнат во Охрид,
со оглед на тоа што авионските
и други врски до и во земјава се
многу слаби. Ефектот од таквата
организација е илјада учесници
од странство. Невидено досега во
Македонија на еден научен собир.
Инаку за Конференцијата беа
испратени 1.700 апстракти и 945
соопштенија. Од нив на учесниците,
што усно, што преку постери им беа
презентирани близу 900 сооштенија.

 

Сите апстракти и соопштенија
се издадени во посебни книги и
на ЦД. Во издание на познатиот
германски издавач „Шпрингер“ по
повод Конференцијата издадена е
книга „Земјотресното инженерство
во Европа“, која сигурно ќе биде
редовно четиво на експертите.
Уредници на книгата се професорите
Михаил Гаревски и Атила Ансалт.

 

 

Михаил Гаревски
нов претседател на европската асоцијација за земјотресно инженерство.

 

Професор д-р Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство
и инженерска сеизмологија, ИЗИИС-Скопје, и претседател на Македонската
асоцијација за земјотресно инженерство на последниот ден од 14-тата Европска
конференција по земјотресно инженерство на Генералното собрание на Европската
асоцијација за земјотресно инженерство едногласно беше избран за нејзин
претседател. Ова е првпат македонец да биде на чело на Асоцијацијата. Професор
Гаревски во периодот 2006-2010 година беше потпретседател на Европската
асоцијација за земјотресно инженерство. На новата функција тој ќе биде во наредните
четири години. Потпретседатели се претставници од Италија и од Швајцарија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top