Насловна / Архитектура / Небото над Скопје

Небото над Скопје

nebo_nad_skopje.jpgУживајќи во погледот на панораматана Скопје кое се гледа како надланка, во Жданец, во куќата штоархитектот Мишко Арсов преднеколку години ја проектирал какоместо за работа и дом истовремено,имате чувство дека сета тежинана градот и проблемите насекојдневното живеење ги оставатепод себе и лебдите на небото надградот, слободни како птица.

 

nebo_nad_skopje_2.jpg

На ридот над Жданец во Скопје, во
срцето на урбаното ткиво составено од
објекти за домување со ниска катност,
се наоѓа оваа необична куќа која му припаѓа
на архитектот Мишко Арсов. Претставува
адаптација на објект стар неколку децении во
место за работа и дом истовремено, чиј простор
ја штити приватноста на неговите станари и
наедно се отвора кон панорамата на градот со
своите големи екрански прозорци и тераси.
Влезот во куќата е од улицата, преку осум скали од
високото приземје.

 

Во куќата најпрвин влегувате
во мал хол, а потоа во големата дневна соба. Три
армирано бетонски столба ја одделуваат визуелно
трпезаријата од дневната соба. Овде во очи паѓа и
големиот камин на источната страна од дневната
соба. Тој е направен од армиран бетон, и освен
за греење во зимските месеци, служи и како
платно за вкрутување на ѕидот од старата куќа.
Кујната е отворена кон трпезаријата
и дневната соба и се наоѓа веднаш до
влезот, од неговата десна страна.
По должината на јужната страна на куќата
поставени се две спални соби, одделени со бања,
а гостинската спална соба е сместена
во полукружниот дел на куќата.

 

Високото приземје со големина од
160 м2 претставува двовисински
стан. Од него преку полукружни
скали, доаѓате во горните простории.
Тука освен застаклениот хол, преку
кој навлегува дневната светлина
во просториите долу, има и
една работна соба сместена во
полукружниот дел од куќата. Од него
се излегува на голема тераса, која
се простира преку целата површина
на куќата.

 

Уживајќи во погледот
на панорамата на Скопје кое се
гледа како на дланка, овде имате
чувство дека сета тежина на градот
и проблемите на секојдневното
живеење ги оставате под себе
и лебдите на небото над градот,
слободни како птица. Ентериерот
на куќата е поврзан со екстериерот
преку големите стаклени површини
кои овозможуваат непречени визури
кон надворешноста и навлегување на
пејзажот во ентериерот. Заедничките
простори се прелеваат еден во друг
и преоѓаат кон надворешноста,
додека индивидуалните простории
се дискретно одвоени.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top