Насловна / Арт и дизајн / Промоција на изданието посветено на Костадин Танчев-Динка

Промоција на изданието посветено на Костадин Танчев-Динка

Денес, со почеток во 12 часот, во објектот Даут пашин амам ќе биде одржана промоција на монографското издание посветено на творештвото на Костадин Танчев – Динка. dinka monografija

Изданието под наслов „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми“ содржи текстови од повеќе автори, како проф. д-р Владимир Величковски, проф. д-р Тони Васиќ, проф. Лазе Трипков, како и веќе објавени текстови од проф. д-р Кирил Темков и Конча Пирковска. Книгата која е издадена на македонски и на англиски јазик од страна на Националната галерија, опфаќа 240 илустрации, отпечатена е во колор на 304 страници, со димензии 240 х 270 мм. На промоцијата ќе говорат проф. д-р Владимир Величковски, проф. д-р Кирил Темков и проф.Лазе Трипков.

portret 1 bw

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top