Насловна / Вести / Голема екоакција „Мој Охрид – чист Охрид“

Голема екоакција „Мој Охрид – чист Охрид“

В сабота, 9 јуни, ќе се одржи голема екоакција „Мој Охрид – чист Охрид“ за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона. Акцијата е иницирана од Супер радио, со поддршка на локалната самоуправа, бизнис-секторот, охридските медиуми, еколошките и спортски друштва од Охрид.

Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта во градот за чистење на централниот дел од градот. Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде што е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка сезона. Потегот од Воска до хотел „Десарет“ и плажата „Градиште“ ќе се подели во региони и ќе се чисти крајбрежниот појас, со особен акцент на најпопуларните плажи, плажите пред хотелите, се` со цел Охрид да блесне во целата своја убавина пред оваа туристичка сезона.

akcijamojohrid

Во акцијата, покрај учениците, ќе учествуваат и поголеми компании од градот, спортски и екоздруженија, вработените во локалната, Јавните претпријатија, а организаторите упатуваат повик и до сите граѓани да учествуваат за да добие акцијата на што поголема масовност.

Генералната програма за овој настан предвидува и акција за чистење на дното на езерото во крајбрежниот појас и пред најпопуларните плажи во соработка со нуркачите од Охрид.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top