Насловна / Вести / Зошто ураганот Мајкл донесе пурпурно небо?

Зошто ураганот Мајкл донесе пурпурно небо?

Во САД во изминатите неколку години, ураганите станаа честа појава во Флорида и Северна Каролина, предизвикувајќи сериозни последици. Промените пак на небото кои ги предизвикуваат ураганите се посебен феномен – различни пурпурни нијанси. Во случајот со ураганот Мајкл, на хоризонтот блесна широк спектар од виолетова боја. Жителите на Флорида постираат многу фотографии од овој феномен, наречен scattering, кој објаснува зошто некои бои доминираат во периодот на изгрејсонце и зајдисонце. Истото објаснување стои и зад теоријата која ја објаснува појавата на виолетово небо.

Steven Ackerman, професор по метеороголија од University of Wisconsin Madison  објаснува дека боите што ги гледаме исто така зависат и од нашата перцепција: “Бидејќи Сонцето е ниско на хоризонтот, сончевата светлина минува низ поголема маса на воздух во текот на изгрејсонце и зајдисонце отколку во текот на денот. Тоа значи, повеќе молекули стојат на патот на светлината, на просторот до нашите очи. Доколку патеката е доволно долга, сината и виолетовата се прекршуваат надвор од нашето видно поле. Затоа, зајдисонцата се често жолти, портокалови и црвени.

Имајќи го сето ова во предвид, може да се претпостави дека во 80-тите години на минатиот век, музичката легенда Принс, бил инспириран од истиот феномен за да ја создаде безвременската рок балада Purple Rain.

purple1

purple2

purple3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top