Насловна / Вести / Значителен раст на инсталираната моќност во соларни централи во Холандија

Значителен раст на инсталираната моќност во соларни централи во Холандија

Во Холандија во текот на 2018 година инсталирани се 1 500 MW нови соларни електрани, објави тамошната државна статистичка канцеларија CBS. Вкупната моќност на соларните електрани во таа земја лани достигнала 4 400 MW , односно е зголемена за 50% во однос на 2017 година. Вкупната инсталирана моќност на таквите системи на покривите на семејните куќи изнесувала 2 307 MW, додека кај соларните паркови имало 444 MW, а кај компаниите 1 662 MW. Посебно е интересно да се истакне дека најголемиот раст на новоинсталираните капацитети (71%) е забележан токму кај компаниите.

solar N1

solar N2

solar N3

solar N4

Испрати коментар

Scroll To Top