Насловна / Вести / Животот покрај парк ги чува срцето и крвните садови

Животот покрај парк ги чува срцето и крвните садови

Освен што имаат убаво животно опкружување, жителите на градовите со многу паркови и зеленило имаат и поздраво срце и крвни садови. Ова го тврдат стручњаците на американскиот Универзитет Луисвил. За разлика од нив жителите на матрополите во кои доминираат високи бетонски згради почесто боледуваат од хипертензија, но и од хронични болести на респираторниот систем.

najimpresivnite-urbani-parkovi-niz-svetot-96072

Луѓето кои живеат во близина на дрвореди или јавни паркови се заштитетни од срцеви болести, мозочни удари и прерано смрт. Ова се резултатите од најновото истражување на Универзитетот Луисвил.

На испитаниците во текот на студијата континуирано им се правени анализи на крвта кои покажувале дека луѓето кои живееле покрај пошумени и зелени делови имаат поздраво срце и поголем капацитет на обнова на крвните садови, но и помалку стрес.

Ова важело за сите испитаници без разлика на нивната старост, пол, етничата припадност, употребата на лекови, па дури и дали се пушачи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top