Насловна / Градежништво / Зграда која се гради од покривот па надолу

Зграда која се гради од покривот па надолу

од покрив кон темелиКонвенционалниот начин на градење подразбира дека прво се прават темелите а потоа и покривот. Меѓутоа, во Канада знае да биде и обратно!

Градежна компанија од Монтреал гради станбена зграда од десет ката во центарот на градот на сосема необичен начин. Тестиран е нов метод на градење во коешто прво се направени темелите и првиот кат, а потоа и покривот. Под подигнатиот покрив почнале да никнуваат еден по друг нови катови, пишува CBS.

Иако овој метод за градење, најверојатно, e поскап и покомплициран отколку конвенционалниот, тој овозможува да се работи без кранови и без скеле. Исто така, работниците можат да работат во текот на целата година, бидејќи тие се заштитени од различните временски услови, а особено од суровите канадски зими.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top