Насловна / Вести / Заштитата и чистењето на океаните мора да бидат приоритет

Заштитата и чистењето на океаните мора да бидат приоритет

Од Обединетите нации има повик до сите држави да преземат акција против климатските промени. Останува апелот за солидарност за да се избегне климатска катастрофа. Загадувањето на светските води придонесува и за лошата состојба на климата.

Затоа е воспоставен непрофитниот систем „Чистење на океанот“ во рамките на борбата против климатските промени. Целта е да се исчисти Пацификот од ѓубре, пред се пластичен отпад.

okean

Проектот постои од 2013 година, а целта е да се извлечат 90 отсто од пластичните материјали од светските океани до 2040 година. Се проценува дека дури 11 милиони тони пластика завршуваат во океаните годишно.

Финансирано е од парични донации и компании. Досега се собрани 51 милион долари.

“Луѓето ни велат, одете и исчистете ги плажите, океаните, но тоа е многу посложена работа отколку што може да се замисли, пред се поради видот на производите, пакувањето и недостатокот на управување со отпад. Вистинските решенија бараат многу разбирање, научни докази кои треба да покажат што е ефикасно на долг рок. Од друга страна, многу компании придонесуваат за загадување на океаните и плажите преку нивните производи и пакување, бидејќи содржат загадувачи, а тие компании не сакаат да зборуваат за превентивни мерки бидејќи тоа влијае на нивната заработка. Мораме да го решиме проблемот“, рече Маркус Ериксен, ко-основач на Институтот „5 Gires“ во Калифорнија.

okean1

Протестите на еколошките организации се исто така дел од борбата против климатските промени. Во Шведска, протестираа членовите на организацијата Пријатели за иднината, предводена од активистката Грета Тунберг.

“Последната година и половина беше многу чуден период поради пандемијата на вируси, но секако климатската криза не исчезна, напротив, уште поитно е да се надмине отколку порано. Уште еднаш ќе организираме протести на улиците на градовите низ светот за да покажеме дека не исчезнавме. Се уште бараме акција и правда за климата“, вели Грета Тунберг.

Поради порастот на температурата, флората и фауната се загрозени. Дури 30 проценти од населението на коалата исчезнало поради суши, шумски пожари и уништување на шумите во Австралија.

okean2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top