Насловна / Вести / Започна пријавувањето за Летната школа на Енергетската заедница во Белград

Започна пријавувањето за Летната школа на Енергетската заедница во Белград

Секретаријатот на Енергетската заедница започна да прима пријави за Летната школа на Енергетската заедница која оваа година ќе се одржи во Белград од 19-ти до 26-ти август. Постдипломците, истражувачите од областа на енергетиката или младите професионалци од владините институции, компании, истражувачки центри или невладини организации, имаат рок да се пријават до 31-ви март. Летната школа се фокусира на енергетските системи во транзиција, посебно во југоисточна и источна Европа. Целта на школата е да им се овозможи на учесниците да ги разберат енергетските сектори и да го промовира развојот на вештини во сите области поврзани со енергијата. Програмата подразбира комбинација на курсеви, предавања и културни активности. Во текот на обуката, предавањата ќе ги држат научници од академската заедница, како и стручњаци од водечките енергетски компании. Учеството е бесплатно.

encsummer1

Прилика за учество ќе добијат 48 млади луѓе на возраст до 36 години – родени 1988 година или подоцна. За пријавување, потребно е да се пополни on-line application form, како и да се достави краток труд од областа на енергетските политики. Кандидатите ќе бидат избрани од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница во консултација со академските и истражувачките институции на земјите учеснички. Овогодишната Летна школа се организира во соработка со Вишеградскиот фонд, фондацијата Friedrich-Ebert-Stiftung – Dialogue Southeast Europe (FES SOE) и Факултетот за политички науки во Белград. Земјите членки секоја година се менуваат како домаќини на Летната школа. Минатата година таа беше одржана во Сараево.

encsummer2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top