Насловна / Вести / Забрането капење во Дојран

Забрането капење во Дојран

Четири плажи на Дојранското езеро се забранети за капење, поради загаденост со фекалии. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) утврди трет степен бактериолошка и хемиска исправност на водата, односно фекално загадување на површината од езерото. Забраната се однесува на Градска плажа, Црвен крст, Златен брег и Калдрма, а ќе трае се до подобрување на квалитетот на водата.dojran-plaza

Земени биле нови примероци за испитување на водата во Дојранското езеро. До добивање на резултатите од општината велат дека ќе го почитуваат решението на ДСЗИ за забрана за капење на четири плажи и превземале соодветни мерки.
Од ДСЗИ се категорични дека забраната за капење ќе ја тргнат само ако новите анализи покажат дека квалитетот на водата е подобрен.

Испрати коментар

Scroll To Top