Насловна / Вести / Ел Нињо и Ла Ниња до крајот на 2016 ќе погодат 100 милиони луѓе

Ел Нињо и Ла Ниња до крајот на 2016 ќе погодат 100 милиони луѓе

Здруженото деjствување на двата метеоролошки феномени Ел Ниња и Ла Ниња, би можело до крајот на 2016 година да зафати 100 милиони луѓе, соопштија Обединетите нации.

Организацијата за исхрана и земјоделие при Обединетите нации (FAO) проценува дека на околу 60 милиони луѓе, од кои две третини во источна и јужна Африка, поради сушите поврзани со Ел Нињо им се заканува недостиг од храна.A luxury home in the Orange County suburb of Lagun

Ел Нињо, глобалниот атмосферско-океански феномен кој настанува среде флуктуацијата на правците на ветровите и температурата на водата во тропскиот дел на Тихиот Океан, често зад себе остава пустош, и се смета за одговорен за годинешните екстремни временски непогоди. Феноменот, кој се случува секои две до седум години, кулминацијата ја доживува во својот втор дел, а понекогаш знае да се одолжи до пролета од следната година и тоа може да трае и 12 месеци.

Ла Ниња, позитивен метеоролошки образец, кој по правило го следи заминувањето на Ел Нињо, појава кога водата во источниот дел од Тихиот Океан се лади, не е толку сериозен и во Азија носи време побогато со врнежи.

„Ел Нињо предизвика прехранбени и земјоделски кризи“, изјави претседателот на FAO Хозе Гацијално да Силва во текот на состанокот на агенциите на ОН во Рим, на кој се расправаше за влијанието на Ел Нињо во Африка и пацифичка Азија. Истакна притоа дека се потребни околу 4 милијарди американски долари за да ги задоволат потребите на државите погодени од Ел Нињо.

Обединетите нации ги повикуваат владите и меѓународната заедница да ги зголемат напорите за зајакнување на отпорноста на „многу чувствителните“ заедници кои тешко се прехрануваат, и да им помогнат да се подготват за доаѓањето на Ла Ниња.

Во FAO обезбедиле дополнителни средства за земјоделието и храна, како и средства за подготовка на заштита од катастрофи. „FAO ќе финансира рани акции коишто би спречиле да се случат катастрофи“, рече да Силва.

Јужна Африка има три месеци пред почетокот на земјоделската сезона да воведе итни мерки кои ќе спречат руралните заедници во 2018 година да станат целосно зависни од хуманитарната помош, сметаат во FAO.

Метеоролозите во Јапонија, Австралија и САД прогнозираат дека од 50 до 75 отсто се шансите дека Ла Ниња ќе се случи во втората половина од 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top