Насловна / Вести / За шест децении, глобално површината на шуми по жител е намалена за 60%

За шест децении, глобално површината на шуми по жител е намалена за 60%

Губењето на површините под шими, директно влијае врз животите на 1,6 милијарди луѓе ширум Планетата. Ова се истакнува во Студијата која е објавена од страна на тим истражувачи од Институтот за истражување на шумарството и шумските производи од Јапонија, во научниот часопис  Environmental Research Letters. Вкупната загуба на шуми во периодот од 1960 до 2019 година изнесува 437,3 милиони хектари, додека површините под нови шуми изнесуваат 355,6 милиони хектари.

forests1

Оваа разлика и падот на пошуменоста во комбинација со зголемувањето на глобалната популација во текот ан изминатите шест децении, резултирале во намалување на светскиот просек на пошуменост по жител за 60%. Имено, глобалниот просек ан пошуменост по жител изнесувал 1,4 хектари во 1960 година, а денес изнесува о,5 хектари. Авторите истакнуваат дека ваква константна загуба и деградација на шумите директно влијае на опстанокот и одржувањето на биодиверзитетот во шумските екосистеми.

forests2

Во југоисточна Европа, најголем процент на шуми по жител има убедливо Црна Гора – 1,3 хектари, што е двојно повеќе од Словенија и Босна и Херцеговина. Србија и Македонија се под глобалниот просек од 0,5 хектари.

forests3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top