Насловна / Вести / За оние кои сакаат да одат на Мундијалот со електричнo возило – решение нуди Tesla

За оние кои сакаат да одат на Мундијалот со електричнo возило – решение нуди Tesla

Компанијата Tesla веќе подолго време ветува дека ширум источна Европа ќе изгради мрежа на брзи станици за полнење. Но, до денес тие планови не се резлизирани, па затоа членовите на  Tesla Motors Club од Москва ја земаа работата во свои раце. Непосредно пред почетокот на Светското првенство во фудбал во Русија, тие изградиле две станици за полнење кои ги нарекле „прозорец во Европа“. Tesla Motors Club од Москва го резлизирал овој проект во соработка со хотелите Amphora во Vyazma и  Usadba во Смоленск, каде полначниците се поставени. Растојанието на кое тие се лоцирани е  230, односно 400 километри од Москва. Од клубот гордо велат дека направиле голема работа за сите свои пријатели од Европа кои би сакале со своите автомобили да дојдат на Светското првенство.

Ианку, Tesla планирала да влезе на рускиот пазар уште во 2016 година, кога најавија изградба на мрежа од supercharger станици за полнење. Иако на крајот го одложи своето влегување во Русија, сега Tesla повторно истражува потенцијални локации за станици за електрични возила во оваа земја, како и за свои сервисни и продажни центри.

MTC2

Испрати коментар

Scroll To Top