Насловна / Вести / Вонинституционален ентериер за установа за ментално здравје во Единбург

Вонинституционален ентериер за установа за ментално здравје во Единбург

Лондонското проектантско биро Projects Office користело бои и слики инспирирани од море за да создаде удобен, но практичен ентериер за одделението за ментално здравје во болницата Royal Hospital за деца и млади во Единбург.

1_resize

2_resize

Објектот на службата за ментално здравје на деца и адолесценти (CAMHS) е осмислен така што овозможува вонинституционално чувство, со што им овозможува на пациентите да се чувствуваат спокојно, но исто така и опкружувањето да изгледа различно од домашната средина.

Тимот на Projects Office – предводен од архитектитр Bethan Kay, James Christian и Megan Charnley – соработувал со уметничката консултантска куќа Ginkgo Projects за ентериерот, замислувајќи го како „трет простор што не е ниту болница ниту дом“, туку има свој идентитет.

3_resize

4_resize

Овој пристап го развиле по серија работилници и интервјуа со младите пациенти, нивните родители и членовите на персоналот.

Овие сесии, спроведени со помош на уметникот James Leadbitter, им помогнале на архитектите да разберат многу суптилни детали кои можат да направат голема разлика во тоа како се чувствуваат пациентите во просторот.

5_resize

На пример, спалните соби се дизајнирани така што корисниците можат лесно да се персонализираат, давајќи им чувство на сопственост. Но, тие лесно можат да се вратат откако пациентите ќе бидат отпуштени, давајќи чиста состојба на следниот жител.

„Во време на зголемено финансирање во оваа област и зголемена побарувачка на услуги за ментално здравје, ние веруваме дека добриот дизајн е моќна и исплатлива алатка за лечење“, вели James Christian.

8_resize

„Исто така веруваме дека поставувањето прашања на пациентите, персоналот и родителите, што навистина им треба, и што сакаат од здравствените простори, води до побогати, покорисни простори“.

Единицата за ментално здравје вклучува амбулантски установи за деца од пет до 18 години и стационарна единица за деца од 12 до 18 години.

6_resize

Архитектите откриле дека морскиот брег често се споменува како средина која помага да се подобри менталното здравје, и затоа Projects Office ова го користеле како појдовна точка за дизајнот. Боите, шарите и мотивите вклучуваат различни референци на море.

„Ние имавме разигран пристап кон нашите дизајни за уметничките дела“, вели Christian за Dezeen и појаснува: „Секоја графичка интервенција ја зајакнува севкупната крајбрежна тема, но применет е разновиден пристап за тоа како тие се манифестираат во различни простори“.

„Ова варира од едноставни морски приврзоци кои го испишуваат името на единицата во ТВ –собата, па се до голем мурал со светилник со цел и мети за игри со топки во централната градина“.

15_resize

За заедничките простори, клучен предизвик бил да се понуди чувство на сигурност и приватност на сите пациенти, особено на оние кои страдаат од тешка вознемиреност, без создавање слепи агли.

Архитектите ова го решиле со тапацирани агли за седење вградени во sидовите, банкети кои се протегаат до таванот и светларник инспирирано од светилник на море.

„Спектар на нивоа на приватност и заедништво се користи за да се создадат зони кои се движат од заедничка активност и разговори, до ќошиња кои нудат можност за приватен разговор и повлекување без да се чувствувате изолирани од другите“,вели Christian.

14_resize

Сето ова е постигнато со мал буџет, благодарение на користење на стандардни и готови елементи. Стандардниот болнички мебел едноставно е прилагоден, додека елементи на мебел по мерка направени се од едноставна иверица.

Сличен е пристапот и за спалните соби, иако овие простори имаат помеко и порелаксирано чувство.

7_resize

Разиграните полици и големите ѕидни табли им олеснуваат на пациентите да ги изложат своите лични работи, додека седењето крај прозорецот интегрира подвижно седење, создавајќи различни начини за семејствата да седат заедно.

И двата детали помагаат собите помалку да личат на болница.

16_resize

17_resize

18_resize

9_resize 10_resize 11_resize 12_resize 13_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top