Насловна / Архитектура / Во Тирана бирото MVRDV почнува со реновирање на пирамидата

Во Тирана бирото MVRDV почнува со реновирање на пирамидата

Започна работата на претворање на бруталистичката пирамида во Тирана од 80-тите години на минатиот век во културен центар фокусиран на младите.

Холандското архитектонско биро MVRDV спремно е од пирамидата со површина 11.835 квадратни метри да создаде „споменик на луѓето“ кој содржи кафулиња, ателјеа, работилници и училници, каде на младите ќе им бидат достапни бесплатни часови, пишува Dezeen.

т1_resize

Изградена како музеј посветен на поранешниот комунистички лидер Енвер Хоџа, пирамидата во Тирана е отворена во 1988 година, но затворена три години подоцна по распадот на општествениот ситем во земјата.

Пирамидата потоа е користена како привремена НАТО база и ноќен клуб, пред да се остави да пропаѓа, па така служела како место за графити, за дружење и голем тобоган.

т2_resize

„Впечатливо и интересно е да се види како земјата се бореше со иднината на зградата, која од една страна е контроверзно поглавје во историјата на земјата, а од друга страна жителите на Тирана веќе делумно ја повратиле“, вели Winy Maas, партнер основач на MVRDV.

MVRDV ќе ја врати структурата назад во нејзината робусна бетонска обвивка, ќе оформи плоштад заедно со наредени климатизирани училници под надзор во зградата, која ќе биде преименувана во Пирамида.

т3_resize

До плоштадот ќе се пристапува со бројни пасажи на приземјето кои ќе останат отворени за да ја повикаат јавноста да се ангажира во програмите на објектот.

Оригиналната стаклена фасада на предната страна ќе ја заменат големи стаклени тенди, кои ќе можат да се затвораат кога е лошо времето.

Косата фасада и кровот на пирамидата ќе бидат обложени со скали изработени со помош на агрегат од оригиналните камени плочки кои ја прекривале фасадата. На кровот исто така ќе бидат сместени и неколку дополнителни, затворени училници.

Една од оригиналните кровни коси греди ќе биде сочувана, за да можат и понатаму посетителите да го користат објектот како тобоган.

т4_resize

„Предизвикувачки е да се создаде нов однос меѓу зградата и околината“, вели Мааѕ.

„Уверен сум дека нашиот проект ќе го потврди овој однос. Се радувам што ќе видам млади луѓе, и за прв пат и повозрасни луѓе, како се качуваат по скалите на кров“.

т5_resize

По реновирање на Пирамида со објектот ќе управува непрофитната образовна институција TUMO Тирана. TUMO ќе пружа бесплатни програми за едукација после училиште за деца од 12 до 18 години, кои опфаќаат разни предмети поврзани со технологијата, како роботика, анимација, развој на игри, музика и филм.

Исто така, MVRDV ја гради и највисоката зграда во Албанија, која кога ќе биде завршена ќе има пикселирана фасада.

Испрати коментар

Scroll To Top