Насловна / Вести / Во Тетово легализирани 2837 бесправно изградени објекти

Во Тетово легализирани 2837 бесправно изградени објекти

tetovo legalizacija

До Секторот за урбанизам во општина Тетово биле доставени околу 7900 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Од нив, 2837 се решени и легализирани, за нешто повеќе од илјада се чека да бидат платени потребните надоместоци за урбанистичка согласност или добивање на решението за легализација, а за нешто над 3900 барања треба дополнување на потребната документација.
Ова го соопшти Неџати Зулбеари, раководител на Секторот за урбанизам, кој денеска го презентираше процесот на легализација.
– Најголеми проблеми со кои се одложува легализирањето на објектите се немањето геодетски елаборати од барателите, неисплатен надоместок, проблем со сопственоста и слично. Во однос на бесправно изградените приватни објекти на јавните површини, ќе треба да се чека на одлуките од Советот на општина Тетово, изјави Зулбеари.

Испрати коментар

Scroll To Top