Насловна / Вести / Стрип центарот на Македонија примен во Европскиот форум на илустратори

Стрип центарот на Македонија примен во Европскиот форум на илустратори

strip makedonija (2)

Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес, примен е во асоцијативното членство на Европскиот форум на илустратори. Тоа е слободна мрежа на непрофитни организации и во неа членуваат асоцијации од разни земји од Европа. СЦМ – Велес е првата членка на оваа организација од балканските земји.

И веднаш по приемот, Стрип центарот предложи и е отворена процедура за вклучување на организации од регионот како Албанија, Косово и други.strip makedonija

Според промоторот на Стрип центарот Томе Трајков, вклучувањето во мрежата следи по добиена покана од Бордот и претставува солидна можност за остварување на натамошни меѓународни контакти на македонските стрип-автори.

„Впрочем, без лажна скромност, ние досега како организација преку Интернационалниот стрип-салон и други интернационални проекти отворивме многу врати за соработка со други земји. Тенка е границата помеѓу илустраторството и стрипот, односно повеќе стрип-авторите се и илустратори. Единствената разлика, според нив, е тоа што секој илустратор не умее да црта стрипови, а секој стрип-цртач е и добар илустратор“, рече Трајков.

Испрати коментар

Scroll To Top