Насловна / Вести / Во Скопје рекордно зголемен бројот на зелени површини

Во Скопје рекордно зголемен бројот на зелени површини

До крајот на август оваа година урнат е годишниот рекорд од 100 илјади квадратни метри уредени зелени површини поставен во 2018 година.

skopje

“Во пресрет на есенското садење и зголемување на зелените површини, сакам да споделам една убава вест, а тоа дека годинава веќе е срушен рекордот на ЈП „Паркови и зеленило“ за подигање и обновување на зелени површини во нашиот град и тоа преку 117 илјади квадратни метри, а јас очекувам дека оваа квадратура до крајот на годината ќе се зголеми. Станува збор за новоподигнати и обновени зелени површини како паркот на булевар Партизански одреди, со површина од 3.775 квадратни метри, паркот во Железара на улица Коце Металец со површина 4.460 квадратни метри, зелениот коридор на булеварот Никола Карев на потегот од Касарна Илинден до клучката Детелинка со површина од 7.279 квадратни метри, зелениот коридор кај клучка Детелинка со површина од 11.638 квадратни метри, ново зеленило на булевар АСНОМ со површина од 13.498 квадратни метри, кај булеварот Христијан Тодоровски Карпош со површина од 5.917 квадратни метри, зелениот плоштад помеѓу булеварот Христијан Тодоровски Карпош и улицата Крсте Асенов со површина од 6.608 квадратни метри, паркот кај улица Цетинска со површина од 2000 квадратни метри, како и паркот во Сарај со површина од 1.500 квадратни метри“, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

skopje1

Тој додаде дека не треба да се заборават подигнатите паркови на местото на некогашните диви депонии во Кисела Вода со површина од околу на површина од околу 18 илјади квадратни метри и во Аеродром на површина од осум илјади квадратни метри.

“Проект на кој активно се работи заедно со Општина Карпош е паркот на местото на дивата депонија во Карпош 4 што ќе се протега на површина од околу 60 илјади квадратни метри“, нагласува Шилегов.

2 Коментари

  1. Spored zeleniot katastar koj bese neodamna izraboten vo Skopje ima okolu 250 000 drvja na 800 000 narod. Toa e premalce

  2. Ne se raboti samo za brojkata od 250 000. Videte ja sostojbata na postoeckite drvja. 70% od drvjata vo Gradski park se vo katastrofalna zdravstvena sostojba. Slicno e i na Vodno.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top